Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како да бидете сензуална и незаборавна во сексот

Сите жени сакаат да бидат незаборавни во креветот. И покрај тоа што можеби секоја жена нама ова да го признае, тие сакаат кога се посакувани и сексуално привлечни. Жените за некои работи не зборуваат, но без сомнение сакаат партнерот да ги запамети како најдобри во кревет.

За да навистина оставите незаборавен траг во неговиот кревет, треба навистина да се потрудите. Не станува збор за никакви акробации, туку за фантазија. Бидете креативни и искористете некои од понудените совети.

1. Предизвикувајте го

Ако понекогаш покажете неморално однесување, тоа не мора да значи дека вие сте непристојна личност. Мажите сакаат кога ќе си играте со нив, и кога сте малку диви и непристојни. За време на едно истражување еден од испитаните мажи, рекол дека никогаш во неговиот живот нема да заборави кога девојката пред него навистина сензуално јадела банана.
2. Биди секогаш за акција

Мажите сакаат кога ќе почувствуваат дека сте се секогаш за акција, исто како и нив. Многу мажи откриле дека навистина ги возбудува кога жената иницира секс. Тие уживаат во тоа, бидејќи тоа им дава чувство дека се посакувани и привлечни.

3. Уживајте во своето тело

Без оглед на тоа реално колку добро изгледаат, повеќето жени се сè уште незадоволни од нивното тело. Или се со прекумерна тежина, или се премногу тенки или имаат премногу мали гради и задник … Можеме да наведуваме до недоглед. Факт е дека мажите го обожаваат женското тело и дека на него не гледаат онака како што тоа го прават жените. Тие не го забележуваат целулит, стриите или било кои други неправилности на женското тело. Меѓутоа, многу добро забележуваат ако вие го сакате своето тело.
4. Јасно кажете што сакате

Мажите не можат да читаат мисли и сакаат кога жените јасно ќе им кажат што сакаат. Едногласни се во оценката дека нема ништо попривлечно од жена, која знае што сака. Посебно ги возбудува, кога жените знаат што сакаат во кревет. Ослободете се од сопствените блокади и кажете му што сакате да ви прави во креветот. Вам ќе ви биде убаво, а него целосно ќе го излуди таквиот пристап.

5. Експериментирајте

Некои истражувања покажале дека интелигентните жени се отворени за експериментирање, бидејќи се љубопитни. Мажите ги сакаат ваквите жени, а посебно им се допаѓа кога се сакаат да експериментираат во креветот. Ако навистина сакате да бидете жена која ќе ја памети, впуштете се во експериментирањето, бидејќи во тоа ќе уживате и двајцата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement