Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Хороскопските знаци и самокритичноста

Овен – Ако сте типичен претставник на овој знак Вие никогаш не се сомневате во себе. Бидејќи се што правите, го правите совршено, барем од Ваша гледна точка. Дури и кога имате вистински повод за тоа, никогаш спрема себе нема да бидете доволно критични

Бик – Иако не се сомневате во своите постапки и во себе, сепак сте самокритични. Се трудите да согледате некоја спорна ситуација за да размислите за Вашите постапки, бидејќи сакате да го исправите она што кај Вас не Ви се допаѓа.

Близнаци – Вашата самокритичност како да нема никаков ефект. Бидејќи, иако понекогаш сте незадоволни од она што сте го направиле, тоа воопшто нема да Ве спречи повторно да ја направите истата грешка.

Рак – Бидејќи сте песимисти и некако, гледате црно на работите, самокритичноста воопшто не Ви одговара. Потребно е некој постојано да Ве „ убедува “ дека не сте најлоши на свет.

Лав – Најчесто, Вие сте толку воодушевени од самите себе си, што не ни чувствувате потреба за да критикувате – самите себе си…Бидејќи, Вие сте најголеми и најдобри, па секоја критика за Вас е непотребна.

Девица – Секогаш сте објективни и разумни. Едноставно, мора да бидете самокритични. Ништо не сакате да скриете и секогаш се соочувате со вистината, така што сте сурови и спрема самите себе си.

Вага – Имате дипломатски став. Не сакате да наштетите никому. Најмалку, самите себе си. Понекогаш толку се штедите себе си и Вашата природа подложна на стрес, што воопшто нема опасност дека ќе се замислите за некои свои постапки.

Скорпија – Кога ќе се соочите самите со себе, ништо не станува „ розово “. Спрема себе сте критички настроени и немилосрдно си ги казнувате грешките

Стрелец – Поради вродениот оптимизам и во најлошото можете да видите добро. Имате талент од секоја ситуација да извлечете нешто добро. Затоа Вашата самокритичност завршува со разубавување на вистината.

Јарец – Цел свој живот се преиспитувате и се коригирате. Тоа не е така страшно, бидејќи Вие не се сомневате во себе, но влечете поука од Вашите грешки.

Водолија – Ако сте типичен претставник од овој воздушен знак, никогаш не им замерувате на другите па и на себе. Доколку некогаш згрешите, не се трудите да ја поправите грешката туку, се тешите со познатата изрека „ Човечки е да се згреши “.

Риби – Толку често Ве мачи грижа на совест за Вашите постапки што најчесто и премногу сте критични спрема себе. Водете сметка бидејќи оваа особина малку по малку може да Ве доведе и до комплекс од ниска вредност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement