Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Егоистичните жени имаат повеќе среќа во животот и љубовта!

Верувале или не егоизмот се исплатува! Докажано е дека оние жени кои не сакаат особено да им угодуваат на другите се позадоволни од останатите припаднички на понежниот пол кои се трудат да им угодат на сите, а најмалку себе си.

Себичноста понекогаш се исплатува и тоа многу! Иако нашите родители не учеа дека треба да се дава и да се дели, некогаш е многу попаметно да се мисли за себе, наместо за другите. Докажано е дека жените кои се раздаваат себе си и се застапуваат за луѓето околу себе, полошо поминуваат од оние кои мислат само за своите потреби.

Неодамна со истражувањето спроведено во универзитетот во Аризона се покажа дека жените кои и покрај своите проблеми трчаат да ги решаваат проблемите на мажот до себе си наштетуваат сами себе си но и на врската. Во такви ситуации најчесто се стигнува до таложење на стресови што покасно резултира во чести несогласувања и караници со партнерот.

Според резултатите можеме да кажеме дека жените кои се егоистични подобро функционираат во врска, па со самото тоа и врската е поквалитетна. Било да се работи за себична жена или несебична жена која конечно сватила каде се границите и што треба, а што не да прифати и дозволи. Парадоксално звучи да, но фактите се такви какви што се: Ќе уживате во врската, а мажите ќе имаат повеќе нерви за вас и ќе ве почитуваат многу повеќе доколку сте егоистка!

Доколку пак се одлучите за несебичен концепт, бидете свесни за тоа дека таквите жени се окарактеризирани како несреќни, незадоволни и со тежок товар на плеќите. Обидете се да ги поделите одговорностите со партнерот, а доколку видите дека не оди, одлучете се за зачувување пред се на вашата личност, па потоа другите и се останато.

Foto-ilustracija: Foter.com / The Library of Congress

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement