Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Дали големината на пенисот и бројот на сексуалните односи влијаат на големината на вагината?

Ова е прашање што многу жени си го поставуваат, но не на глас. Лорен Страјкер, професорка по акушерство и гинекологија на Фајнберговата школа за медицина, одговара за сите оние што се срамат да прашаат.

„Женското тело е така направено да биде еластично и да може да се шири за да се прилагоди на се, од голем пенис до породување. Дури и најголемиот пенис на светот не може да се спореди со големината на бебе и не влијае на големината на вагината“ – вели Страјкер.

Вагината поминува низ физички промени кога сте возбудени. Зголемениот проток на крв во таа област го потикнува подмачкувањето на нервните ѕидови на вагината. Кога ѕидовите ќе се опуштат, тие се шират и и даваат простор на вагината да се прилагоди на големината на пенисот, колку и да е голем.

„Понекогаш, самата влажност на телото не е доволна, особено кај големите пениси, па во тој случај треба да користите лубрикант кој не е на база на вода. Со негова помош, вагината дополнително ќе се навлажни, а сексот ќе биде пријатен и забавен“, препорачува професорката.

Ако по сексот не се чувствувате „тесно“ како што сте се чувствувале пред чинот, не паничете.

„Вагината ви се проширила за да се прилагоди на вашиот партнер на одредено време и ќе се врати во првобитната состојба многу брзо – кај некои за неколку минути, а кај некои за неколку часа. Некогаш тоа зависи и од други фактори, но враќањето на старо ќе се случи“.

Ако ни тогаш не се чувствувате тесно, проблемот не е во вагината, туку во карличните мускули.

„Кегеловите вежби можат да ви помогнат со тоа, но повеќето жени не знаат да ги прават правилно. Затоа, посоветувајте се со својот гинеколог да ви препорача специјализирани вежби или уреди со чија помош ќе ги стимулирате и појачате мускулите на карлицата“.

Така, заклучокот е дека бројот на сексуалните односи и големината на пенисот не влијаат трајно на големината и обликот на вагината. Единствено што треба да се грижите е да користите доволно лубрикант и да посветите доволно време на предиграта, за да уживате во сексот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement