Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ако ме принудиш да избирам меѓу мене и тебе…

Јас сум главниот лик на својот живот.

Внимание: главен лик, а не единствен.

Ако бев единствен, филмот ќе беше премногу досаден.

Јас сум главниот лик, режисерот, човекот од кого на крајот зависи се што е поврзано со мене, но сеуште не сум смодоволен и затоа не можам да си изградам независен живот.

Јас сум диригентот на овој оркестар, макар да не можам да свирам на сите инструменти. Но тоа што не умеам, не значи дека треба да се откажам од диригентската палка.

Можно е понекогаш да побарам нечија помош. Можно е да барам помош секогаш кога ќе ми треба за да отворам одредени врати, но додека јас сум оној кој го држи клучот, без разлика дали вратата е отворена или затворена, никогаш нема да сум затвореник.

Последицата од тоа да знам кој сум и да не зависам од никого е дека ја превземам одговорноста и грижата за себе и засекогаш сум господар на својот живот.

Верувам дека самозависноста е синоним на менталното здравје и може да биде одредена на следниот начин: Знам дека за некои работи не сум си доволен, бидејќи гледам што ми недостасува и што ми е потребно, но човекот кој е одговорен за овие недостатоци и потреби, секогаш сум јас. Самозависноста значи да дознаам дека не сум ниту самодоволен, ниту семоќен, дека ја сваќам својата ранливост и дека секогаш го постигнувам она што го сакам, но секогаш одговарам за себе. Со цело срце се залагам за нас. Но ако ме принудат да избирам меѓу мене и тебе, ќе изберам… себе”.

Хорхе Бука

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement