Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

5 видови сексуални односи за кои се кае секоја девојка

1. Секс под дејство на алкохол

Кога ќе испиете неколку чашки повеќе одошто би требало, често се случува сексот со згодниот тип со кој танцувате цела вечер да ви изгледа како добра идеја. Но, кога ќе дојде наредното утро и вие ќе се отрезните, сфаќате дека тоа било далеку од добра идеја. Но, грижите не можат да го променат тоа што се случило, па затоа е најдобро да гледате на ова искуство како добра лекција за следен пат.

2. Секс со личност која штотуку сте ја запознале

Најчесто станува збор за секс за една вечер. Ова може да им се случи дури и на оние девојки кои веруваат дека сексот во кој не чувствувате ништо освен физичка привлечност е лош, бидејќи едноставно биле понесени од моментот. Но, не грижете се, сексот за една вечер не ве прави да изгледате како „лесни“. Живееме во 21-ви век каде што сите ние заслужуваме мала забава без обврски која не треба да направи да се чувствуваме како да сме лоши личности.

3. Секс со личност надвор од вашата врска

Без разлика колку се обидувате да го оправдате вашето однесување, тврдејќи дека немало емоции во игра, сепак факт е дека сте биле неверни. Ако сте сигурни дека е само прашање на време пред тој да ја дознае вистината, најдобро би било доколку сте искрени со него и се обидете да разговарате. Ако сте сигурни дека нема да се дознае, ниту пак дека нема никогаш повеќе да ви се повтори, извлечете лекција од вашиот живот и научете како сами да живеете со овој товар зад себе.

4. Секс во кој сте одглумиле уживање

Тој толку многу се трудел да ве задоволи што едноставно не сте можеле да не му ја дадете бараната заслуга, па токму затоа и сте одглумиле возбуда, воздишки, оргазам и сè останато што оди во пакет со односот. Но, и покрај тоа што сметате дека вашето дело е со добра намера, сепак подобро е доколку не го повторите ова. Следен пат, наместо да се впуштите во однос кога не сте расположени за тоа, едноставно бидете искрени и разговарајте со вашиот партнер. Во сексот треба да уживаат и двете страни, а не само едната.

5. Секс со бившото момче

Таман сте помислиле дека сте го преболеле и некако сте успеале да најдете мир во себе, вие одеднаш без никакво предупредување сте се нашле под него. Сосема е разбирливо да се „падне“ на некој кој толку добро го познавате, но тоа на што треба да обрнете внимание е дека постои причина зошто вие двајца сте завршена приказна. Не ги занемарувајте старите проблеми и не се вовлекувајте повторно во истата неволја кога длабоко во себе знаете дека нема да успее.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement