Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

5 сигурни знаци дека тој не е твој тип

Жените во потрагата за вистинскиот маж, често знаат да наидат на оној кој по се изгледа совршен за нив, но само име еден мал проблем – не им се допаѓа.

Ова се пет знаци кои сигурно ќе ви кажат дали дечкото со кого сте во моментов вистинси ви се допаѓа.

  1. Се на него ве нервира – додека љубовта е слепа и глува, па и најлошите маани на нашиот партнер изгледаат симпатично, од друга страна излегувањето со некој што посотјано ве вади од такт, макар и за најмали ситници ќе ви докаже нешто друго. Дали тоа е начинот на кој џвака мастика, како зборува, како се облекува и милион други ситници, можете да бидете сигурни дека едноставно си го трошите времето со него, но и тој со вас.
  2. Наоѓате изговори за да не се видите – дури излегувањето со колегите ви изгледа поинтересно отколку со него. Ако сами постојано си наоѓате изговори за состаноци со партнерот, време е да бидете искрени и пред себе и пред него.
  3. Не сакате да го запознаете со вашето друштво – некогаш поради стравот од осаменост жените излегуваат со некој кој не им се допаѓа, а не сакаат да го запознаат со родителите и пријателите бидејќи длабоко во себе знаат дека тој не е вистинскиот за нив.
  4. Мислите дека тој премногу се труди – сите романтични и убави работи кој тој ви ги приредува мислите дека тој премногу вложува и форсира, а тоа вас ве нервира.
  5. Избегнувате физички контакт – ова веројатно е најдобриот знак за да оцените на време дали треба со некој да бидете. Секој пат кога тој се обидува да ве прегрне, вие се извлекувате,а помислата дека треба да ве бакне ви создава паника. Ако ова се случува на врската и нема спас.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement