По утрото денот се познава. Затоа потрудете се (речиси) секој ден да ви почне убаво, за да се чувствувате одлично во текот на целиот ден.
1. Нов бран на енергија
Прво, по утринскиот секс, ќе ве плисне нов бран на енергија. Експертите пресметале дека нивото на енергија наутро се зголемува по утринскиот секс.
2. Љубовта се чувствува во воздухот
Психолозите велат дека двајцата ќе се чусвтвувате како да лебдите на седмо небо во текот на целиот ден, бидејќи љубовта се чувствува во воздухот. Со самото тоа, ќе бидете поуспешни во решавање на секојдневните пречки на работа.
3. Придонесува за подобро здравје
Утринскиот секс, велат научниците од Универзитетот во Белфаст, го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар за половина и ја подобрува циркулацијата, а со самото тоа го намалува притисокот. Покрај тоа, ги ублажува нападите од мигрена и ги намалува болките предизвикани од артритис. И на крајот, го намалува ризикот од дијабетес, бидејќи ќе изгубите околу 300 калории.
4. Ќе добиете сјај на лицето
Верувајте, лицето ќе ви светне (па дури и косата), и сите ќе знаат што сте правале. Утринскиот секс е најдобра козметика.
5. Мозокот работи како часовник
По утринската “гимнастика” во кревет, мозокот ќе ви работи како часовник.

You must be logged in to post a comment Login