Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

4 работи кои го доведуваат до лудило

Точно е дека машките обожаваат секси долен веш, високи штикли и фустани кои на девојките ги истакнуваат облините, но постојат и многу поедноставни работи кои знаат да ги доведат до лудило.

Машките многу повеќе ги сакаат девојките кога тие се во нивното природно издание отколку кога се комплетно намонтирани. Повеќето машки кога би можеле да бираат би се одлучиле за девојка која е без шминка и во куќно издание, отколку таа иста девојка нашминкана. Секако, машките не се противат на секси долен веш, штикли, малку шминка и сè останато, тие сакаат да видат тип-топ средена девојка, но постојат многу поедноставни работи кои знаат да ги привлечат како магнет, а нема да верувате за што се работи. Во прашање се 4 ситуации.

Коса

За машките нема ништо попривлечно од тоа кога ќе го почувствуваат мирисот на свежо измиената коса. Тие го обожаваат и моментот кога девојката несвесно поминува со прстите низ нејзината коса, ја врзува, си игра со неа… Девојките за тоа најчесто и не се свесни, но овие моменти можат автоматски да го „запалат“ и да посака да ве љуби со часови.

Стомачето

Иако помеѓу девојките се говори дека машките сакаат рамно стомаче, ситуацијата е сосмеа друга. Машките сакаат девојки кои имаат мало стомаче, а пак моментот кога тоа ќе се види од под маицата додека девојката се истегнува, наведнува или прави нешто друго? За нив тоа е непроценливо.

Искрена насмевка

Машките ја сакаат женската насмевка, особено онаа искрената, широката, која добро ви го стега стомачето и од која ви се гледаат сите заби. Уште ако знае дека тој е заслужен за неа, на неговата среќа нема да има крај. Бидете сигурни дека во некои моменти сте му толку слатки да посакува да ве изеде.

Соблекување на градникот

Овој чин на машките делува како магија. Се хипнотизираат секој пат кога ќе тргнете да го соблечете градникот од под маицата, а потоа да го извлечете од ракавот. Затоа немојте да се чудите ако после тоа ви „скокне“ и почне да ве љуби.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement