Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Со овој „магичен“ збор ќе добиете сè што ќе посакате од секој маж!

КОМУНИКАЦИЈАТА во љубовниот однос е клучна.

Додека на почетокот можеби ви изгледа дека сè е во ред помеѓу вас и вашиот партнер, постои можност тој или таа да не биде потполно искрена со вас. Но, можно е дека тој го прави тоа несвесно.

Имено, начинот на кој поставувате прашање или кажувате нешто на вашиот партнер е исклучително важен. На пример, ако му кажете „зошто не одговараш на моите пораки“, тој ќе се чувствува нападнат и постои можност да резултира со кавга.

Меѓутоа, ако ја преформулирате истата реченица и кажете: „Се чувствувам како да ме игнорираш“, ќе му покажете дека се грижите за таа ситуација и дека неговото однесување ви пречи на многу внимателен и емотивен начин. Она што е клучно во таа реченица е зборот „чувствувам“ кој јасно ги изразува твоите мислења и чувства, додека не звучи како напад. Затоа, следниот пат кога ќе имате некаква забелешка за однесувањето на партнерот, не заборавајте да го користите овој „магичен“ збор и да избегнете непотребна расправија.

Advertisement
Advertisement

Прочитај