• Сподели на:

Како изгледа мажот на кој му се допаѓате

___

Сте заприметиле некој згоден маж од спротивната страна од вас. Ви се причинило дека ве гледа, но всушност не можете да одредите дали флертува или само вие така мислите. Многу жени не можат да одредат дали ги заведува мажот или само тоа им се чини. Ви донесуваме неколку знаци за помош кои ќе ви откријат дали флертуваат со вас. Чисто да знаете за некој следен пат…

Топла насмевка –  Кога гледате дека се потсмевнува, и тоа на топол начин, знајте дека му се допаѓате. Воочил нешто во вас што ги радрмало нежните емоции во него, иако не сте му ни прозбориле ништо. Таа топлина се гледа во неговата насмевка. Но многу чето таквиот маж ќе биде многу срамежлив да ви пријде, па можеби ќе морате вие да го направите првиот чекор.

Малку заруменети образи – Да, не е лесно да се воспостави комуникација со срамежливите мажи, но има нешто многу привлечно во нив. Ако приметите дека мажот полека се вцрвенува кога ве погледнува, знајте дека многу му се допаѓате. И знајте дека во тој момент крвта забрзано му патува низ телото па не е ни чудно дека е целиот збунет.

Гледање во очи – Маж со самодоверба веднаш ќе ја погледне жената во очи ако му се допаѓа. Ќе го задржи погледот подолго од две секунди бидејки на тој начин сака да даде на знаење дека му се допаѓа. Покрај тоа, тој ќе процени дали и тој и се допаѓа на таа. Како? Ако и она го задржи погледот барем на 2 секунди… Охрабрен од тоа, веројатно ќе тргне во напад.

Имитатор – Кога на мажот му се допаѓа некоја девојка, потполно несвесно ќ почне да ја копира. Ќе го намести телото како што е нејзиното наместено, ќе ги копира движењата и изразите на лицето, накратко – ќе го преслика нејзиното однесување. Поголемиот дел на мажите (освен оние кои учеле техники за заведување и манипулирање) го прават тоа спонтано бидејки девојката им се допаѓа и бидејки нивниот инстикт им говори дека на тој начин има шанси да ја освои.

Потполно игнорирање –  Верувале или не, постојат мажи кои во потполност ја игнорира девојката која им се допажа. Тоа го прават од страв и затоа што некој им кажал дека треба да биде фраер. Тие заведуваат така што на девојката ќе им го заврти грбот, не ја гледаат и ако случајно се впушти во комуникација со неа, знаат да бидат груби и незаинтересирани. Ако приметите такво однесување кај маж кој ви се допаѓа, не очајувајте. Тоа може да биде и знак дека навистина му се допаѓате. За да откриете дали е тоа така навистина, ќе морате да влезете во длабока комуникација, а ќе ви треба и нешто повеќе време отколку претходно.


Оставете коментар

___