Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Хорокоп и пријателство- што да очекувате од најдобрите пријателки?

Најдобрите пријателки се вистинско богатство кое никогаш не сакаме да го изгубиме. Тие нè следат низ животот, секогаш се тука кога ни требаат, ги сакаме како сестри, тешко ни е да си го замислиме животот без нив.

Нашите најдобри пријателки имаат свои бубачки кои многу не нервираат, навики кои се различни од нашите како небото и земјата и планови кои немаат никаква врска со она што ние го сакаме.

А сепак, пријателството ви опстојува – не само што функционира, туку е и фантастично. И затоа овие жени ги нарекуваме најдобри пријателки во нашите животи.

Оние што се занимаваат со астрологијата велат дека хороскопскиот знак влијае и на тоа каква пријателка ќе бидете. Верувале во хороскоп или не, следниве описи на најдобрите пријателки засновани на хороскопски знаци ќе ве забавуваат барем малку, а кој знае, можеби во нив ќе ја препознаете и вашата најдобра пријателка.

Сигурниот Овен

Најдобрата пријателка родена во овој знак е онаа на која прва ќе и се јавите ако западнете во невоља.  Тие никогаш нема да одбијат да ви помогнат и ќе останат со вас во секоја ситуација.

Кога ќе ја викнете, таа ќе дотрча кај вас и со себе ќе донесе дарежливост, тврдоглавост, но и здрав разум. Се разбира, подоцна ќе ви префлрли со „ти реков“ затоа што не сте ја послушале.

Ако вашата најдобра пријателка е Овен во хороскоп, тоа значи дека ретко или никогаш нема да ве одбие кога ќе побарате услуга, бидејќи таа во целост има доверба во вас и ќе направи речиси се за вас.

Искрениот Бик

Ако вашата најдобра пријателка е Бик, тоа значи дека таа знае да чува и одржува пријателство. Биковите исто така сакаат фини работи, така што ќе ве размазат со добра музика и храна, а секогаш се подготвени и за добра партија трачеви.

На Биковите им е потребно време за да ја стекнат вашата доверба, но кога ќе ги придобиете, имате доживотна пријателка.

Корисни Близнаци

Советот што ќе ви го даде најдобрата пријателка родена во овој знак најчесто е непроценлив, бидејќи таа има навика да анализира сè, до најмалите детали.

Близнаците сакаат да помагаат и не бараат ништо за возврат. Доволно им е да им упатите неколку убави зборови за да им објасните дека тие за вас се повредни од злато.

Нивната друштвена природа ќе ви овозможи доволно анегдоти кои ќе ги прераскажувате цел живот.

Гостопримливиот Рак

Ако вашата најдобра пријателка е рак во хороскоп, тоа значи дека таа на вас гледа член од семејството.

Раковите се многу посветени на семејството и пријателите, тие се меѓу најпријатните луѓе и вредни се за почит, затоа што кога ви треба разбирање тие секогаш ќе бидат тука за вас.

Храбар Лав

Ако вашата најдобра пријателка е Лав, тоа значи дека сигурно не уживате во спокоен живот, туку вашиот заеднички живот е исполнет со авантури и возбуди.

Вашата најдобра пријателка Лавица сака да блесне и да биде во центарот на вниманието, но таа е исто така тука за да ви помогне да бидете уште поуспешни отколку што сте и да ви помогне во секој момент. Бидејќи Лавовите не се плашат дури и од најмоќните луѓе, убаво да ги имате покрај вас.

Ефикасната  Девица

Девиците се можеби најискрените пријателки и добро е да ги имате до вас затоа што тие инстинктивно знаат точно што сакаат да прават и како сакаат да направат нешто, што е многу добра особина кога ви треба помош. Ако ги следите советите на Девицата, вашите проблеми ќе изгледаат полесни и поподносливи. По разговорот со најдобрата пријателка родена во овој знак, се чини дека неволјите ги снемува и товарот станува полесен.

Веселата Вага

Најдобрата пријателка родена во овој знак добро ќе ги разбере сите ваши проблеми. Нејзиното големо срце едноставно ја охрабрува да ви помогне и да ве теши кога и да треба. Понекогаш издржливоста на Вагата изгледа дека нема крај, а нивното влијание врз луѓето е неверојатно. Најдобрата пријателка во знакот на Вага е добродушна и сака да ужива.

Динамичната Шкорпија

Во речникот на оваа најдобра пријателка не постои фразата „Не можам“. Таа е цврсто уверена дека сè може да се стори ако срцето и умот се фокусирани и најчесто за ова е во право. Шкорпиите сакаат да се релаксираат во друштво на пријателите и за среќни моменти ги сметаат моментите поминати со вас.

Ведриот Стрелец

Најдобрите пријателки родени во овој знак се решителни кога се работи за напредок во сè што прават. Дури и ако паднат, тие веднаш ќе станат и ќе се обидат повторно, порешително од кога било. И супер е да имате таква личност до вас.

Ако вашата најдобра пријателка е родена во овој знак, таа гледа на сè како авантура и верува дека тоа што доаѓа може да ви донесе уште поголемо задоволство. Освен тоа, таа е добродушна и весела, полна со љубов, нежна е и ќе остане со вас и во добро и во зло, особено ако за возврат добива љубов.

Практичен Јарец

Ако постои најдобра пријателка на која можете да се потпрете во секое време,тогаш таа е родена во знакот на Јарец. Покрај тоа, таа е љубопитна и секогаш сака да добие одговор на прашањето „зошто“,има талент за организација, како и способност да го претвори хаосот во ред.

Луѓето родени во овој знак ќе бидат и вашите најголеми критичари, а кога сакате најдобри совети за пари или работа, никој нема да може да ви помогне подобро од нив.

Алтруистичната Водолија

Срцето на Водолијата е доволно големо за да го сака целиот свет, а најдобрата пријателка родена во овој знак е голем алтруист и има голема желба да им помогне на другите, вклучително и вам.

Водолиите се пребирливи, размислуваат надвор од кутијата и често знаат да бидат погрешно разбрани. Можеби на почетокот за вашата пријателка сте мислеле дека е студена и без емоции, но откако сте ја запознале, сте добиле мотиватор, советник, личност која ги решава вашите проблеми.

Водолиите ќе бидат тука за да ве поддржат во остварување на вашите соништа без оглед на тоа какви се.

Верната Риба

Можете да научите многу од најдобрата пријателка родена во знакот на риба. Рибите веруваат во иднината и убавите работи што ги носи иднината, а тоа може да ви делува многу стимулирачки.

Рибите се пријателки кои вреди да се чуваат, затоа што кога животот станува тежок и мрачен, тие ќе ви помогнат да се вратите во светот на љубовта, романтиката и имагинацијата. Ќе ви помогнат да бидете задоволни со тоа што сте и какви сте. Затоа, ценете ја мудроста на најдобрата пријателка родена во овој знак.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Одржувањето на чист и свеж личен простор го прави попривлечен за интимноста. Уште подобро е ако ја споделите работата, сè ќе завршите побрзо, а...

Cotton Club

Миланската модна недела оживеа, физичките ревии се вратија во фокусот и уличниот стил, особено за иновативните комбинации, бои и мотиви што ги обоија улиците...

Green Tea

Дали миризливото кафе е вашата главна состојка за појадок? Дали го пиете од навика или поради привлечен вкус и стимулативно дејство? Дали сме навистина...

Fool Moon

Најдобар лек за жените е малку осаменост. Ова го поддржуваат и мажи, а дури две третини од нив признаваат дека се држат настрана ако...