Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Дали љубомората е добра за врската?

woman binding his man with a chain on white background

Ништо чудно доколку се мразите самите себе поради чуство на љубомора. Впрочем, никој не сака да биде љубоморен, но што ако ви кажеме дека љубомората е добра за вашиот однос?

Еве зошто: Биолошки гледано, емоцијата е корисна алатка, тоа се сигнали кои не тераат да обрнеме внимание на нешто потенцијално штетно за околината, така што можеме да направиме нешто што може да не заштити. Кога се гледа на овој начин, љубомората е пријател на вашата врска, ова се мали знамиња за предупредување кои ви кажуваат до нешто што може да дојде до опасност.

Што е најдобро да направите кога се чуствувате љубоморно? Треба да разговарате со партнерот без срам и вина, за своите чуства и сознанија, за заедно да се заштитите во вашата врска.

Се додека сте сигурни дека претераната  љубомора кај вас не е длабок проблем, поради кои треба да побарате стручна помош, љубомората може и треба да биде ваша интуитивна алатка. Тоа не е нешто што треба да се игнорира, привлечноста е неизбежна, но тоа што е битно е вие и вашиот партнер да не реагирате непотребно на таа привлечност, со други зборови да не потклекнете. А токму тоа е моментот кога љубомората може да помогне во заштита на вашиот однос. Комуникацијата со партнерот и споделувањето на чуствата, заедно можете да испитате дали постои било каква потреба за загриженост.

5 прашања со кои се проценува љубомората

За почеток треба да се суди како вистински ризик на опасност од привлечност, треба да соочите со овие прашања и заедно да дискутирате со личноста за оваа ситуација која предизвикува чуство на љубомора.

-Дали ве привлекува сексуално вашиот партнер?

-Дали сте имале фантазии за таа личност?

-Дали се чуствувате дека сте емотивно привлечени и поврзани со нејзе/него?

-Дали сте се отвориле и сте споделиле лични информации со нејзе/него?

-Дали нешто се случило меѓу вас двајцата што ви било непријатно да го соопштите пред партнерот?

Потребно е да бидете искрени кон себе и кон вашиот партнер додека ги истражувате овие прашања. Ако постои “да” како одговор заедно како пар можете да направите план како да се справите со постојните проблеми.

Заштита на вашата врска обично подразбира отстранување на атрактивните луѓе. На пример, вие и вашиот партнер можете да се согласите со значително намалување на контактите од трети лица.

Прочитај

Four Seasons

Од Патагонија до Тасманија, овие дванаесет оддалечени одморалишта се дизајнирани да одржуваат далечина и да извлечат максимум од самотија и приватност… Долго пред зборовите...

Wall Street

Секој маж сака да мириса убаво, а секоја жена сака намирисан маж. Затоа е многу важно да изберете парфем што ќе ве направи среќни....

Fine Living

Можете ли да си го замислите животот, во кој излегувате во дворот пред вашата куќа и се качувате во вашата луксузна јахта, со која...

Fool Moon

Лего додаде уште една неверојатна серија на својата Technic линија – истата со помош на Bugatti Chiron претставена во 2018 година, на која постојано...