Само кога помисливте дека друштвените мрежи не можат да донесат нешто ново и оригинално, се појави “Livr”. Оваа друштвена мрежа е специфична по тоа што на неа може да се пријавите само доколку сте пијани.
Не можете ниту да мамите, бидејќи прво мора да го измерите процентот на алкохол во крвта, со помош на посебен додаток за смартфон.
Сè што ќе споделите со пријателите, кои исто така се пијани, останува во рамките на апликацијата , а кога ќе постане премногу незгодно, постои копче за ресетирање на сè, како никогаш да не сте биле на таа мрежа. Или, доколку сте имале добра ноќ, тогаш постои опцијата “Испрати извештај следното утро” за да може да го споделите со другите.
Откако ќе влезете во мрежата, ќе имате избор на различни друштвени игри од понудата, а се очекува целиот проект да биде и официјално објавен напролет. “Livr” ќе биде достапен за Android и iOS платформите.


You must be logged in to post a comment Login