Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Зеленчукова солена торта со туна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 кг компири
  • 2 конзерви туна
  • 300гр моркови
  • 2 цвекло
  • 2 главици кромид
  • половина китка магдонос
  • околу 200 гр маслинки со пиперки
  • 1 лимон
  • сол и црн пипер по вкус
  • маслиново масло (по потреба)

НАЧИНА НА ПОДГОТОВКА:

1. Цвеклото, компирите и морковите се варат не лупени, потоа изладени се лупат.
2. Кон компирите се додава исецканиот магдонос, сок од лимон, солта и пиперот, и се гмечи како за пире. По потреба се додава малку вода од сварените компири.
3. Туната се гмечи со вилушка, морковите и цвеклото посебно се рендаат, кромидот се сецка колку може поситно, а маслинките се сецкаат на тенки кругови.
4. Салатата се реди – прво на чинијата се реди околу третина од пирето, потоа се нанесува туната и се попрскува со маслиново масло, а врз неа се нанесува кромидот. Потоа се нанесува уште од пирето, а врз него изренданото цвекло и повторно се попрскува со маслиново масло. Врз цвеклото се нанесува малку од пирето, а потоа морковите. Салатата се покрива со преостанатото пире и се украсува одозгора со маслинките.

Меѓу редовите на место маслиново масло може да се стави  мајонез.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...