Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Торта со маскарпоне, бадеми и чоколада

Потребни намирници:

За кора:

2 пакетчиња бискивити со какао

150 гр путер

150 гр печени и лупени бадеми

За белиот крем:

1 кутија сирење маскарпоне

1 филџан слатка павлака

½ филџан шеќер

2 пакетчиња ванилин шеќер

Кора од еден лимон

За чоколадниот крем:

150 мл слатка павлака

1 и ¼ темна чоколада

Најпрво ќе ја направиме долната кора од тортата. Бисквитите се мелат во блендер заедно со стопениот путер и печените бадеми. Оформете слој врз хартија за печење обложена на дното од садот. Но не треба да притискате многу силно бидејќи кога ќе стегне тортата нема да можете да ја исечете. Важно е кората да биде крцкава и мека. Поставете ја кората во фрижиидер додека го подготвувате белиот крем.

Изматете ја слатката павлака за да се згусне и постепено додавајте го шеќерот без да престанувате да мешате со миксерот се додека шеќерот добро не се раствори. Додадете го и маскарпонето во смесата и повторно добро измешајте со миксер. Додадете го ванилиниот шеќер и кората од лимон.

Исипете го белиот крем врз кората и ставете го садот повторно во фрижидер.

За да го подготвите кафеавиот крем најпрво затоплете ја павлаката на оган. Штом проврие тргнете го садот и додадете ги парчињата чоколада. Мешајте додека смесата добро не се изедначи. Откако кремот ќе се олади исипете го чоколадниот крем врз белиот.

Тортата треба да стои една ноќ во фрижидер за да се стегне и да ги прими аромите.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement