Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Торта со чоколадо и капучино

Потребни состојки:

  • 1 пакување чоколадни трошки
  • 200 гр. Маргарин
  • 200 грама шеќер
  • 500 мл. слатка павлака или хопла
  • 3 јајца
  • ¼ лажичка сол
  • 2 лажици нескафе
  • 1 пакување шлаг
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 50 мл. ликер од кафе
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 2 пакувања ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет

Припрема:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Со марганир добро намрсете го калапот за печење торти.

Со миксер изматете ги чоколадните трошки, 2  лажици шеќер, маргаринот и циметот. Откако смесата ќе се соедини, ставете ја во калапот за печење и распоредете ја за да биде рамномерна.

Во посебен сад ставете ја слатката павлака. Матете со миксер и постепено додавајте го преостанатиот шеќер. Потоа додајте ги јајцата, едно по едно и матете се додека смесата не се соедини.

Растопете го чоколадото на пареа и додајте му 2 лажици шлаг и 2 лажици шеќер во прав. Потоа вака приготвеното чоколадо додајте го во смесата со слатка павлака и промешајте. Потоа додајте ја солта, нескафето, ликерот од чоколадо и ванилиниот шеќер. Откако ќе се соедини, пресипете ја смесата врз претходната смеса која ја ставивте во калапот.

Калапот ставете го во претходно загреаната рерна и печете околу 45 минути на температура од 180 степени. Внимавајте да не ја препечете. Откако ќе се испече, оставете ја тортата да се излади еден час, а потоа ставете ја во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 12 часа.

За да ја украсите тортата, може да ја премачкате со растопено чоколадо или шлаг на кој ќе ставите цели зрна кафе. Добар апетит!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement