ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
– 3 јајца
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
– малку пециво
За кремот:
– ½ л млеко
– ½ л слатка павлака
– 150 гр шеќер
– 150 гр наполитанки со вкус на лешник
– 200 гр лешници, печени и мелени
– 100 гр мелени бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 160 степени. Изматете ги јајцата со шеќерот и додајте го брашното и прашокот за пециво. Печете го тестото околу 15 минути.
За филот – изматете ја слатката павлака како цврст снег. Загрејте го млекото со шеќерот, додека тој не се растопи. Изладете го па додајте ја изматената слатка павлака, смелените бисквити, издробените наполитанки, и мелени лешници. Убаво измешајте.
На изладеното тесто ставете го филот. Одозгора ставете дебел слој на шлаг и украсете по желба.

You must be logged in to post a comment Login