Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Тофу „лазања“ и песто

Состојки потребни за маринада:

  • ¾ шолја маслиново масло
  • 6 ленити кора од лимон, плус 1/3 шолја свеж лимонов сок
  • 3 чесиња од лук, толчени
  • Сол и свежо мелен црн бибер, по желба

Состојки потребни за песто:

  • ½ шолја семки од бор, мелени
  • 1 мало чесне лук
  • 2 шолји свеж босилек
  • ½ шолја маслиново масло
  • Сол и бибер, по желба

Состојки потребни за „лазањата“:

  • 1 пакување (околу 400 грама) тофу, исечено по должина на тенки парчиња
  • 5 до 6 тиквички, исчистени и исецкани по должина на тенки парчиња
  • Маслиново масло за премачкување
  • Сол и бибер, по желба
  • 2 средни домати, исецкани на тенки парчиња
  • 18 големи листови од босилек

Чекор 1

Спремање на маринадата: Загрејте го маслото во мала тава, ставете ги парчињата од кора од лимон и лукот, оставте да се запржи и отсранете од огнот, оставете да се олади. Истурете го сокот од лимон. Посолете со ½ лажичка сол и ¼ лажичка бибер.

 

Чекор 2

Спремање на песто: Истурете ги семките од  бор и лукот во блендер и блендирајте. Додајте го босилекот и процесирајте, по тоа додајте масло и посолете со сол и бибер, блендирајте додека не се добие компактна смеса за песто.

 

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Наредете ги парчињата тофу во фолија за печење и затворете ги., ставете нешто тешко на нив (две конзерви е доволна тежина), оставете така 20 минути.

 

Чекор 4

Премачкајте ги парчињата од тиквички со масло и посолете ги. Испечете ги на скара и од двте страни додека не омекнат, околу 8 минути. Отсранете ги од скара и прелејти со пола од маринадата.

 

Чекор 5

Истата процеура повторете ја и со парчињата од тофу и прелејте ги со преостанатата маринада. Оставете да се оладат парчињата.

 

Чекор 6

Поставете парчиња од тиквичките во поплиток сад, препорачано во правоаголна форма, премачкајте со песто и наредете парчиња тофу над тоа, посолете. Поставете ред од доматите, посолете. На крај ставете од листовите од босилек. Повторете ја истата процедура два пати. Се служи ладно на собна температура.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement