• Сподели на:

Тава со компири и јајца

___

Состојки:

* 2 лажички оригано

* 200 гр. печурки

* 1 лажица маслиново масло

* 500 гр. компири

* 4 јајца

* сол

* 2 кромидa

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги и исецкајте ги компирите на коцки. Изчистете го кромидот и исецкајте го на полумесечинки. Додадете ги компирите, кромидот, маслото и солта во тава и убаво промешајте. Посипете оригано и печете околу 15 минути. Извадете ја тавата, додадете ги печурките и печете уште 10тина минути, додека компирите не добијат златно кафеава боја. Извадете ја тавата и направете 4 длабнатини. Скршете ги јајцата и печете уште 3-4 минути, или додека јајцата не се испечат по ваша желба.


Оставете коментар

___