Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Свинска кртина со ѓумбир и соја сос

Состојки:
  • 450гр. свинска кртина
  • 2 лажици сенф
  • 100мл. црвено вино
  • 4 лажици соја сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1 лажица сецкан свеж ѓумбир
  • 1/2 страк праз
  • 2 лажици сусамово масло
  • по потреба топла вода
  • по потреба масло, сол, црн бибер

Други состојки:

  • неколку листови радикио
  • малку праз(само зелениот дел), варено цвекло, свеж карфиол, магдонос, морков
  • 250гр. свежи шампињони

Начин на подготовка:

Месото исечете го на мали коцки.
Посолете го, наросете црн бибер и измешајте го со сенфот.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го месото.
Откако ќе се запржи налејте го виното и оставете на тивко додека виното испари.
Потоа додајте го сусамовото масло, соја сосот, ворчестер сосот, ѓумбирот и малку вода.

Оставете го да се готви на среден оган.
При крај додајте го ситно сецканиот праз.
Оставете на оган уште малку, колку празот да омекне.

Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на четвртинки.

Сервирајте го месото со свежиот зеленчук (радикио, зелен дел од празот,морков, карфиол, магдонос), вареното цвекло и испржените шампињони.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дури и кога ќе го напуштите Фејсбук или Инстаграм, Мета може да продолжи да собира податоци за вашите онлајн активности ако сте најавени. Причината...

____celebrity

Филм кој често се споменуваше во последните месеци пристигна на Нетфликс. Филм кој често се споменуваше меѓу љубителите на романтични комедии во последните месеци...

____celebrity

Режиран од Дејвид Ајер, автор познат по интензивните акциони блокбастери и моќните приказни за човечката издржливост, „Срцето на ѕверот“ нуди возбудлива авантура каде што...

Green Tea

Пробиотиците не се добри само за варењето на храната. Експертите објаснуваат како тие влијаат на микробиомот на кожата, зошто можат да помогнат кај чувствителната...

Advertisement