Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Супа со кромид

Состојки:

2 лажици брашно
1 чаша бело вино
0,5 лажичка бибер
250 гр. кашкавал
50 гр. путер
1 лажичка сол
1 лажичка мајчина душица
1 кг. кромид сецкан на полумесечинки
1 коцка за супа говедска
1 француски багет
пармезан

Подготовка:

Се растопува путерот со неколку лажици масло во тенџере. Се додава сецканиот кромид, солта и мајчината душица и се готви 45 минути над умерена топлина со често мешање додека кромидот не омекне и добие светло кафена боја. Се додава брашното и се готви една минута со постојано мешање. Се додава виното и се продолжува со мешање 2 минути. Се раствора коцката за супа во еден литар вода и се додава на кромидот заедно со биберот. Се продолжува со готвење околу 30-тина минути со повремено мешање. Во меѓувреме се потпекуваат парчињата леб од двете страни. Се распоредува супата во огноотпорни садови. Одозгора се додаваат парчињата багет, а над нив се додава рендан кашкавал и пармезан. Во загреана рерна на 200 °C се потпекува супата додека не се растопи кашкавалот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement