Совршени се за грицкање доколку неможете да го дочекате главниот оброк
Состојки׃
- 1кг. брашно
- 3 рамни лажички сол
- 2 кесички прашок за пециво
- 3 јајца
- 200мл. вода
- 225мл. зејтин
- 250гр. путер
- 100гр. препечен сусам
- 100гр. рендан кашкавал
Брашното се меша со прашокот за пециво, се додава солта , јајцата кои претходно се благо разматени со вилушка, водата, зејтинот и омекнатиот путер. На крај се додаваат сусамот и ренданиот кашкавал. Се заедно се меси.
Се вадат топчиња од по 25-30 грама, малку се сплескуваат со раце, па се ставаат на тостер. Се спушта и горната страна на тостерот за крекерите да станат уште потенки. Се печат отприлика 5 минути. Од оваа мера излегуваат 80-100 поголеми крекери.

You must be logged in to post a comment Login