Кога времето е пријатно за шетање, никој не сака да поминува долги часови во кујната за да зготви нешто, но затоа секој сака да ужива во вкусен и сочен викенд ручек.

Имаме предлог како најбрзо да зготвите вкусна пица од компири:
Потребни состојки:
- Еден компир
- Маслиново масло
- Пармезан
- Доматен сос
- Свежи печурки
- Моцарела
- Едно јајце
- Пршута (или друг сувомеснат производ по желба)
Подготовка:
Исечкајте го компирот на тенки округли парчиња и истите наредете ги во круг во садот каде ќе го пржите. Претходно ставете малку маслиново масло.
На кругот компири наросете пармезан и покријте го садот. Пржете 5 минути на ниска температура.
По 5 минути додадете ги доматниот сос, печурките, моцарелата и јајцето, гответе 5 минути на средна температура.
Потоа додадете ја пршутата и готови сте.

You must be logged in to post a comment Login