ПОТРЕБНИ СОСОТОЈКИ:
- 9 јајца
- 300 гр. темно чоколадо ( подобро би било чоколадо со висок процент на какао)
- 1/2 прашок за пециво
КАРАМЕЛ:
- 1 чаша (250 мл) кафеав шеќер
- 1/2 чаша (250 мл) слатка павлака
- малку сол
- 100 гр. путер
БЕЛ КРЕМ:
* 500 мл. слатка павлака
* 300 гр. путер од кикирики
* 150 гр.несолени кикирики
ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА:
* 150 ГР чоколада ( со повеќе какао)
* 1 лажица путер
* 3-4 лажици млеко
Оваа торта беше еден експеримент којшто испадна одлично и не одзеде многу време за подготовка. За да заштедам на време прво ги подготвив карамелот и белиот крем и додека тие беа во фрижидер за да се стврднат ја подготвив подлогата.
1. Во тенџере на среден кон тивок оган се става кафеавиот шеќер и постојано се меша со лажица. Откако ќе започне процесот на карамелизирање на шеќерот во тенџерето се додаваат путерот, слатката павлака и прстофат сол. Постојано се меша додека сите состојки не се соединат, а потоа добиениот карамел се префла во чинија и се става во фрижидер.
2. За подготовка на белиот крем се мати слатката павлака и откако ќе се добие цврста пенеста смеса се додава путерот од кикирики и повторно се меша со миксер додека не се соединат. На крај се додаваат сецканите несолени кикирики и се меша со шпатула. Така подготвениот крем се става во фрижидер.
3. За подготовка на основата во сад се ставаат јајцата и се матат со миксер 5-6 минути додека не се добие цврста пенеста смеса. Потоа се додава прашокот за печиво и претходно растопената чоколада и кратко се меша со миксер додека состојките не се соединат. Тавата за печење се обложува со хартија и внатре се става добиената смеса. Се пече околу 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
4. Откако ќе се испече се остава 10-тина минути на собна температура. Потоа целосно се полива со претходно подготвениот карамел, а врз него рамномерно се размачкува белиот крем.
5. Така подготвената торта се става во замрзнувач додека се подготвува чоколадната глазура.
6. За чоколадната глазура во сад на пареа се става чоколадата и путерот и се меша додека истите не се растопат. На крај се додава малку млеко и убаво се меша.
7. Тортата се премачкува со чоколадната глазура и се става во фрижидер да отстои 2-3 часа.

You must be logged in to post a comment Login