Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Слатко задоволство по велигденските пости: Чоколаден колач со бисквити и банана

Ако немате баш многу време, а ви се јаде нешто слатко, тогаш овој колач е совршениот рецепт за вас.

Посебно ако гледате набрзинка да го задоволите апетитот за чоколадо, веднаш по велигденскиот пост:

Потребни состојки:

  • 150g бисквити или пишкоти
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 банани
  • 250g маргарин
  • 2 крем шлаг од ванила
  • 9dl млеко
  • 120g шеќер

Подготовка:

1. Во мал сад ставете 5dl млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие.

2. Во посебен сад, изматете 1dl млеко со пудингот од чоколада и добро измешајте. Оваа смеса ставете ја во онаа што се вари и со непрестајно мешање варете додека не згусне.

3. Во оладениот пудинг додадете го омекнатиот маргарин и измешајте го со миксер.

4. Исечете ги бананите на кругови и искршете ги бисквитите. Подготвените состојки додадете ги во филот од чоколадо и полека измешајте ги.

5. Земете длабока тепсија и испрскајте ја со вода и во неа ставете ја готовата смеса за колачот. Израмнете и оставете да се зацврсти.

6. Крем шлагот од ванила изматете го со преостанатото млеко и премачкајте преку филот.

neshto-brzo-slatko-i-lesno-kolach-so-biskviti-i-banana-1.jpg

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement