Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Штрудла со јаболка

Состојки:

* 1 чаша сок од јаболко

* 250 гр. исечкани јаболка

* 2 лажици пченкарно брашно

* 1/2 чаша суво грозје

* 3 лажици шеќер

* 1 лажичка цимет

* 1/3 мелени ореви

* 4 листови кори

* 50 гр. путер

* 3 лажици лебни трошки

* шеќер во прав за декорација

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги пченкарното брашно и половина чаша сок од јаболко. Во тенџере на средна топлина гответе ги околу 10 минути сечканите јаболка, преостанатиот сок, сувото грозје, шеќерот и циметот. Додадете ја смесата со пченкарно брашно. Мешајте се додека смесата не се изедначи и нема грутки.

Оставете ја проврие 1 минута и додадете ги оревите, промешајте и оставете малку да се олади.

На рамна површина ставете една кора, премачкајте ја со стопен путер и посипете ја со лебни трошки. Повторете ја постапката на уште две кори, наредени една над друга. На 4-тата кора ставете од смесата со јаболка.

Свиткајте ги корите како ролат и премачкајте ги со путер.

Штрудлата печете ја околу 20 минути на 150°C. Пред да ја послужите оставете ја малку да се излади, а потоа посипете ја со шеќер во прав.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement