Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Штангли со чоколадо и ореви

Состојки:

За кора:

6 белки

180 гр шеќер

180 гр ореви

Крем:

6 жолчки

100 гр маргарин

100 гр шеќер

100 гр чоколадо

Подготовка:

Изматете 6 белки со 180 гр шеќер па во смесата додадете и 180 гр ореви. Мешајте додека не се соедини. Бидејќи оваа количина е доволна за 2 кори, исипете половина од смесата во плех со димензии 20х30см обложен со хартија за печење и печете 25 минути на 180 степени.

Од испечената кора веднаш отстранете ја хартијата бидејќи ако се олади, ќе се залепи.

На ист начин се пече и втората кора.

Жолчките се матат со шеќер додека смесата не побели, се додаваат парчиња чоколадо, па садот се загрева на пареа. Кога ќе проврие, оставете го на оган се додека не згусне, а потоа се трга на страна за да се олади.

Маргаринот се мати и му се додава од ладната смеса со жолчките со постојано мешање. Нанесете половина од кремот врз едната кора. Врз тоа следува втората кора и вотората половина од кремот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement