Тостот е најверојатно едно од првите јадења што ви доаѓаат на памет кога ќе помислите што вкусно да направите за појадок.

Сепак тостот не мора секогаш да биде онаа добро позната комбинација на некој сувомесен производ и кашкавал, туку нешто сосема поинакво и позабавно.
Врвните готвачи велат дека кога е храната во прашање можностите за комбинирање на вкусовите и состојките се бескрајни, а токму тоа го покажуваат и следните идеи за тоа како да си подготвите вкусен појадок во форма на тост, кој изобилува со хранливи состојки благодарение на кои ќе се чувствувате енергично во текот на целиот ден.
1. Парчиња авокадо + фета сирење + калинка + маслиново масло

2. Малини + капини + босилек + крем сирење

3. Диња + сечкани ореви + агава сируп + козјо сирење

4. Сечкана банана + путер од бадеми + чиа семе

5. Ситно сечкан целер + суво грозје + путер од кикирики.

6. Грав + салца + коријандер + пржено јајце

7. Козјо сирење + сечкани јагоди + зелени зрна соја + балсамико + морска сол

8. Сечкан ананас + младо бело сирење + сечкани индиски ореви

9. Кељ + омлет од 1 јајце + чедар кашкавал

10. Сечкани суви смокви + рикота + сусам

11. Сечкано манго + моцарела + сок и кора од лимета

12. Пире од авокадо + зелени зрна соја + никулци + сок од лимон

13. Сечкана круша + рикота + мед

14. Хумус + сечкани ореви + калинка

15. Мелени леблебии + парче домат + пржено јајце

16. Сечкани урми + фета сирење + сечкани бадеми

17. Сечкани сливи + путер од сончоглед + ленено семе

18. Сечкано јаболко + мед + сино сирење

19. Маринара сос + јајце на око + пармезан + босилек

20. Кимчи + сечкани тврдо варени јајца + црн сусам

21. Чаден лосос + краставица + крем сирење + млад кромид


You must be logged in to post a comment Login