Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Салата со туна и пченка

Состојки:

1 голема конзерва туна во парчиња

1 главица Кромид (помала)

300 гр пченка во конзерва

1 ½ лажица мајонез

1 ½ лажица павлака

малку сол

малку Мајчина душичка

Подготовка:

1.Пченката ја ставаме во сад со солена вода да се вари. Земајќи во предвид дека е од конзерва, времето на варење е кратко (замрзнатата пченка подолго се вари).

2.Додека се вари пченката, ја отвораме конзервата со туна и ја цедиме од маслото ( важно е да нема дополнителни течности за салатата да биде компактна).

3.Кромидот го сечкаме на парчиња и го мешаме со туната.

4.Сварената пченка ја цедиме и ја оставаме околу 5 до 10 минути на цедалка за да се олади.

5.Оладената пченка ја мешаме со туната и додаваме мајонез, павлака, сол и мајчина душица.

6.Највкусна е кога е ладна, па затоа ве советувам да ја држите во фрижидер до самото послужување.

7.Во салатата може (по ваша желба) да додадете се што ќе ви падне на памет (сечкани кисели краставици, сварени јајца, сенф…). Освен како прилог на некое јадење, оваа салата може да се користи и како намаз.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement