Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Салата од ракчиња, спанаќ и грејпфрут

Време на подготовка: 40 минути / ќе послужите: 4

  • 3 розеви грејпфрути
  • 3 лажички вински оцет
  • 2 лажички сенф
  • Сол и бибер
  • ½ шолја масло од зеленчуци + 1 лажичка
  • 700 грама ракчиња, излупени и исчистени
  • 700 грама спанаќ, стебленцата тргнати а ливчињата измиени добро
  • ½ црвен кромид, исецкан на тенки парчиња

Чекор 1

Со остар нож излупете ги грејпфрутите, отстранете ги  белите и горчливи делови. Исецкајте на ситни делчиња.

Чекор 2

Во голем сад, измешајте ги заедно оцетот, сенфот и 1/8 лажичка сол и бибер. Прелејте со ½ шолја масло, мешајте додека не добиете компактен сос.

Чекор 3

Посолете ги ракчињата со ½ лажичка сол и 1/8 лажичка бибер. Во голема тава загрејте го на средна температура  преостанатото масло. Додајте ги ракчињата и гответе ги додека од двете страни не добијат розева боја, оклу 3 минути по страна.

Чекор 4

Додајте го грејпфрутот, готвените ракчиња, спанаќот и сецканиот кормид во сосот од оцет претходно подготвен во садот. Измешајте убаво. Готово за послужување.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement