• Сподели на:

Ролат од модар патлиџан

___

Состојки:

12 тенко сечени парчиња модар патлиџан

1 чешне лук

100 г сланина (тенко сечена)

малку магдонос

50 г презла

малку маслиново масло

Подготовка:

Грил тавата малку намачкајте ја со масло за готвење и испечете ги парчињата модар патлиџан. Врз секое парче патлиџан ставете парче сланина.

Магдоносот изблендирајте го заедно со презлата. Врз секое парче патлиџан ставете лажица од магдонос и формирајте ги ролните.

Садот за печење обложете го со мрсна хартија. Ставете ги сите ролни, одозгора ставете го остатокот од магдоност и налејте малку со масло. Печете ги на 200 степени, околу 5 до 7 минути. Добар апетит.!


Оставете коментар

___