• Сподели на:

Рецепт за почетници: Чоколадна торта без брашно

___

Ако сакате чоколадни десерти, а сметате дека не сте доволно вешти во кујната, веројатно имате мака и постојано се жалите.

recept-za-pocetnici-cokoladna-torta-bez-brasno-01.jpg

После овој рецепт слободно ќе може да се пофалите пред сите кои го делат мислењето дека „не ве бива за готвење.“

Без брашно и посебни вештини, оваа чоколадна торта е готова додека трепнете.

Состојки:

  • 340g путер
  • 340g шеќер во прав
  • 10 јајца
  • 160g чоколадо со најмалку 40% какао
  • 160g мелени ореви
  • 3 лажици какао

Подготовка:

Стопете половина од путерот, додајте 170g од шеќерот во прав и добро мешајте со миксер. 80g oд чоколадото истопете на пареа. Во меѓувреме одвојте ги жолчките и белките од 5 јајца.

Жолчките додавајте ги една по една во смесата со путер и шеќер, а потоа додадете го и стопеното чоколадо. На крај додадете 80g од мелените ореви и 1ипол лажица какао.

Белките изматете ги во снег и лажица во лажица додавајте во претходната смеса со лесно мешање.

Рерната загрејте ја на 180 степени, смесата ставете ја во калап и печете 20-25 минути.

Вториот дел од тортата се прави на ист начин, со тоа што не се пече туку се вари. На тој начин добива кремаста текстура.

Изматете 5 цели јајца со 170g шеќер во прав и 1ипол лажица какао. Варете на пареа околу 20 минути со често мешање.

Во садот додадете го чоколадото, растопете со мешање. Тргнете од пареа и додадете го преостанатиот путер и повторно мешајте додека не се соедини. На крајот додадете ги оревите.

Топлата смеса прелијте ја околу печениот бисквит, оставете неколку часа да се олади, па послужете. Може да ставите и шлаг пена или матена хопла.


Оставете коментар

___