Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

РЕЦЕПТ СО БАНАНИ И ЧОКОЛАДА КОЈ ГО ЗАЛУДЕ СВЕТОТ – ЧЕКАЈТЕ САМО ДА ГО ВИДИТЕ РЕЗУЛТАТОТ!

Општо познато е дека не постои подобра работа од сладолед кога надвор е +40 степени – единствената мана се калориите и фактот дека содржи многу нездрав шеќер. Затоа, луѓето измислиле рецепт кој ќе ви го разубави, разлади и заслади летото и тоа за само неколку десетици калории.

Свечено ви ја претставуваме бананата на стапче – десерт кој го залуде светот!

Понекогаш наједноставните работи се всушност најдобри, а овој рецепт за замрзнат десерт од банана е еден од најдобрите докази за тоа. Имено, на некој генијален човек му паднало на памет да исече банана на неколку дела, да ја набоде на стапче за сладолед, да ја прелие со црна чоколада и потоа сето тоа да го замрзне.

Резултатот е подеднакво вкусен и здрав!

Сè што ви е потребно за овој вкусен десерт се 100 грама темна чоколада и три средни банани. Секоја банана исечкајте ја на три дела и секој дел боцнете го на обично дрвено стапче за сладолед. Ако немате стапчиња, можете да искршите и обични пластични лажички или ножеви наместо рачки.

Ставете ја бананата на стапчето во замрзнувач околу 15 минути за добро да се олади, а во меѓувреме стопете ја чоколадата. Ладните банани потопете ги во стопената чоколада.

Чоколадата ќе се стегне за брзо време, па можете сè да ставите на чинија и повторно во замрзнувач на уште еден час. По желба, украсете сè со исечкани ореви и бадеми.

Едно парче банана на стапче направено по овој рецепт содржи околу 90 калории, нема вештачки шеќери, млеко или засилување на вкусот и е вистинско летно уживање!

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement