Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Равиоли со спанаќ и сирење

Состојки:

500 мл сос од домати

50 мл вода

1 среден морков (рендан)

350 г равиоли со сирење

250 г свеж спанаќ (грубо исечкан)

100 г моцарела сирење (или обично бело сирење издробено)

2 супени лажици рендан пармезан

Подготовка:

1.Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во подлабок сад измешајте го доматниот сос, водата и морковот. Истурете тенок слој од сосот на дното на тавчето за печење.

2.Врз сосот ставете третина од равиолите, половина од спанаќот и половина од белото сирење. Повторете ја постапката уште еднаш и завршете со слој тестенини.

3.Остатокот од сосот истурете го одозгора и посипете го пармезанот. Затворете го тавчето со алуминиумска фолија и печете околу 35 минути.

4.Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10-15 минути или додека тестенината сосема не омекне. Добар апетит!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement