Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Рафаело торта

Еднаш да ја пробате и ќе стане вашата омилена торта

Потребни состојки за кората:

–      8 белки

–      8 лажици шеќер

–      200 гр кокосово брашно

–      6 лажици млеко

–      6 лажици масло

–      4 лажици густин

–      2 лажици пециво

Потрени состојки за жолт фил:

–      300 мл млеко

–      5 лажици шеќер

–      1 пудинг од ванила

–      150 гр путер

–      100 гр мелени лешници

Потребни состојки за кафен фил:

–      8 жолчки

–      8 лажици шеќер

–      1 кесичка ванила

–      150 гр чоколада за готвење

–      150 гр путер

–      шлаг за декорација

Подготовка:

4 белки изматете ги со 4 лажици шеќер. Кога пенесто ќе се измати додајте 100 гр кокос, 3 лажици млеко, 3 лажици масло, 2 лажици густин и една лажица пециво. Печете на 180 степени додека не се исуши горниот слој. Истото повторете го со остатокот од состојките. Кога корите ќе бидат испечени попраскајте ги со млеко.

Ставете на оган 300 мл млеко со 5 лажици шеќер. Кога ќе проврие додајте го пудингот од ванила. Во изладената смеса додајте го путерот и 100 гр пропржени лешници.

Изматете ги 8-те жолчки со 8 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Сето тоа правете го на пареа. Додајте 150 гр чоколада за готвење и продолжете со мешање додека смесата не се изедначи. Оставете ја смесата да се излади, а потоа додајте го путерот.

Редете кора па жолт фил, кора па кафен фил. На крајот може да ја декорирате тортата со шлаг.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement