Состојки:
– 1 паковање лиснато тесто
– 300 грама шампињони
– 250 грама фета
– 1 јајце
– 1 белка
– 2 лажици милерама
– 4 лажици масло
– оригано, босилек
– мешавина од зачини
– ким
Подготовка:
1. Шампињоние исечете ги на листови и пропржете ги на малку масло за да омекнат. Исцедете ги и оставете ги да се оладата.
2. Посебно соединете рендана фета, шампињоните и милерама. Додадете мешавина од зачини, оригано и босилек по вкус и промешајте.
3. Лиснатото тесто истенчете го на дебелина од 3 мм. Со калап за крофни вадете кругчиња од тестото. Секој втор круг, на половината засечете го во облик на крст.
4. На средниот дел од круговите, кои не се исечени, ставете по една лажица од припремениот фил, а ивиците премачкајте ги со белка. Преклопете со засечените половини и благо притиснете на краевите за да се залепи.
5. Припремените питички премачкајте ги со јајце и ставете ким. Плехот обложете го со хартија за печење, и печете на загреана рерн од 200 степени додека не заруменат.

You must be logged in to post a comment Login