• Сподели на:

Пита со сирење

___

Кој јадел пита со домашни кори кои се развлекуваат по целата кујнска маса, тој знае дека нема подобро нешто од ваква пита. Направете права, традиционална пита со домашни кори.

Во пластична вангла ставите брашно, сол, малку масло и замесите со млака вода. Тесто не треба да биде премногу меко , ниту премногу тврдо. Направете правилни топчиња и добро натапкајте ги на подлогата на која сте ставиле 2-3 капки масло.

Потоа, секое топче развлечете го како тесто за пица. Ако се лепи на подлогата посипете брашно.

Развлечените теста ставете ги едно по едно на кујнска крпа и одозгора малку намачкајте ги со масло. Оставете ги малку да се одморат додека ги сремате останатите работи.

Во посебна чинија изматите младо сирење, павлака, јајца и малку масло.

Потоа вратете се на тестото. Земете едно тесто и со помош на рацете почнете да го развлекувате рамномерно (предходно извадете ги прстените). Кога ќе го развлечете до одредена големина (не претерувајте за да не пукне), спуштете го на масата и полека со врвовите на прстите развлекувајте ги рабовите на тестото. Кога доволно ќе го развлечете пресечете го по средината со остар нож.

На секоја половина ставете од смесата со сирењето. Со помош на крпа замотајте го тестото во ролна, почнувајќи однадвор кон средината. Кога ќе стигнете до средината застанете и почнете од другата страна.

Замотаната пита ставете ја во кружен плех, почнувајќи од центарот и направите “плжав”. Кога ќе ја ставите питата во плехот, премачкајте ја со малку масло и ставите да се пече на 250 C во добро загреана рерна.

Кога питата ќе порумени намалите ја рерната на 180 C. Оставите да се пече уште 15 минути. Извадете ја и оставите да се олади.

Јадете ја топла, надобро со кисело млеко или млад кајмак.


Оставете коментар

___