Потребни состојки за тесто
- 4 шолји брашно, плус количина потребна за месење на тестото
- 2 лажици крупна сол
- 3 парчиња путер, исецкани ситно
- ¾ шолја ладна вода
Потребни состојки за фил
- 7 шолји капини (околу 1 килограм)
- 1 лажичка свеж сок од лимон
- ¾ шолја гранулиран шеќер
- 1 лажица ситно исецкано оригно
- ¼ шолја пченкарно брашно
- 1 големо јајце, лесно матено
- Шеќер за попрскување
- ½ лажичка сол
- Шлаг пена, за послужување
Чекор 1
Подготовка на тестото: Измешајте ги со миксер брашното, солта и додавајте од путерот додека не добиете смеса од груби трошки си неколку поголеми парчиња.Додадете ја ладната вода, измешајте. Поделте го тестото на три дела, сместете го во пластичен сад и оставете ги делчињата во фрижидер, најмалку 1 час, доколку сте во можност и цела ноќ.
Чекор 2
Пред да ги измесите оставете да постои тестото на собна температура, по што на површина со брашно исучете го 1 дел од тестото во тенки и кружни делчиња. Поставете во 22 см кружен сад за печење. Обликувајте го тестото по рабовите од садот подеднакво и оставете го го фрижидер 30 минути.
Чекор 3
Во меѓувреме исучете го и другите два дела и третиот (предвиден за горе дел), оформете го по желба. Вратете ги во фрижидер околу 30 минути.
Чекор 4
Фил: Прелејте ги капините со сок од лимон, шеќер, оригано, пченкарното брашно, посолете. Премачкајте го долното тесто, во садот за печење со јајцето (исто и крајчињата што се офоремни околу садот). Филот истурете го врз тоа, поставете ги другите две теста да го прекриете филот. Оставете во фрижидер на 1 саат.
Чекор 5
Загрејте ја рерната на 200 степни. Премачкајте ја целата пита со јајце и посипете со шеќер. Печете 30 минути. Намалете на 180 степени и продолжете да печете уште еден саат. Оставете да се олади комплетно и послужете со шлаг пена.

You must be logged in to post a comment Login