Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пикантно предјадење – Урнебес топчиња

Пикантно предјадење кое ќе ги задоволи и најпрефинетите гурмани !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама полномасно сирење ( овчо или кравјо)

10 благи печени пиперки

1 лута печена пиперка ( за оние кои сакаат луто )

5 чешнина лук

1 лажица кајмак

1 лажица црвен пипер

3 тврдо варени жолчки

Малку масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголема чинија изрендајте го сирењето. Излупете ги печените пиперки и исчистете ги од семките. Со помош на блендер ситно исечкајте ги.  Лукот и жолчките испасирајте ги.

Сите намирници убаво измешајте ги и додадете малку масло за јадење.

Формирајте топчиња од смесата и топчињата оставете ги во фрижидер барем 2 часа пред да ги сервирате.

Уживајте во вкусот!!!

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement