Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Печени стапчиња од тиквички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 средни тиквички

* 2 јајца (изматени)

* состојки за сосот

* 1 шолја презла

* 50 г рендан пармезан

* малку сол, оригано, црвен пипер (прстофат)

*  состојки за сосот

* 5 лажици мајонез

* 1 лажица сенф

* малку сол (прстофат)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките убаво измијте ги.(нема потреба да ги лупите) Надолж пресечете ги во форма на стапчиња.

Јајцата изматете ги. Секое стапче потопете го во сместа од јајца. Загрејте ја рерната, подгответе го плехот за печење (обложете го со хартија за печење)

Потоа стапчињата се валкаат во смеса од презли и изрендан пармезан. Во смесата ставете сол, црвен пипер и оригано.

Ставете ги тиквичките да се печат. Ќе им треба околу 20 минути. Во меѓувреме подгответе го сосчето. Во блендер ставете мајонез, сенф и малку сол и убаво измиксирајте.

Откако стапчињата ќе добијат убава кафена боја, извадете ги. Послужете ги со сосчето. Бон апетит.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement