Сосотојки:
525гр пченка
1 главичка кромид
2 јајца
15 гр коријандер
125 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
малку сол
За Сос:
2 авокада
15 гр коријандер
2 лажици лимонов сок
2 млади кромидчиња
1 патлиџан
табаско сос
сол и бибер
Припрема:
Палачинките се прават од свежа пченка.
Одвојте ги зрната од пченката и ставете во блендер. Сочувајте една шака зрна.
Додадете го исецканиот кромид (не многу ситно), и останатите состојки за тестото. Измешајте ги, ама не премногу.
Префрлете ја смесата во длабока чинија и додадете ги зрната пченка. Промешајте.
На загреана тава со малку зејтин ставајте по 2 лажици од смесата и пржете од двете страни.
За сосот исечкајте го авокадото на коцки и ставете го во чинија. Додадете го сецканиот патлиџан и младото кромитче исечено на ленти. Додадете сол и бибер, лимонов сок, и капка табаско сос. Измешајте.