Кога ќе ве прашаат што ќе готвите денес, вие важно кажете натур шницли. Сите веднаш ќе ви подзавидат на куварските способности.
Состојки:
- 700 гр. телешки шницли
- 2 моркова
- 2 главици кромид
- 250 мл вода
- 100 мл бело вино
- 1 лажица брашно
- сол, бибер, масло
- ловоров лист
Истолчете ги шницлите, стркалајте ги во брашното и пропржете ги на врело масло, по една минута за секоја страна. Во процеденото масло од пржењето на шницлите ставете ситно сецкан кромид и кругчиња од морковот, додајте уште малку масло по потреба и динстајте додека зеленчукот да омекне.
Запржете ги со рамна лажица брашно. Додајте жешка вода, вино и зачини, пра вратете ги шницлите во сосот. Гответе на ниска температура и повремено мешајте додека месото целосно не омекне, 20 – 30 минути.

You must be logged in to post a comment Login