• Сподели на:

Направете вкусен кадаиф

___

Состојки:

700 гр. вода

700 гр. шеќер

200 гр. путер несолен

150 гр. ореви

500 гр. кадаиф

1 ванилин шеќер

1 лимон

Подготовка:

Едно пакување свеж кадаиф (500 грама) рамномерно распоредете го во тава и оставете го да се засуши преку ноќ.

Намачкајте го дното на тава за печење со путер. Распоредете го кадаифот рамномерно во тавата. Прелијте го кадаифот со растопен путер. Загрејте ја рерната на 200°C. Печете го кадаифот додека да добие златна боја. Извадете го од рерната и оставете го да се излади.

Измешајте ги во еднно тенџере водата, шеќерот, ванила шеќерот и лимонот исечен на парчиња. Варете го околу 30 минути додека да се растопи шеќерот и добиете шербет. Отстранете ги парчињата лимон. Прелијте го шербетот врз изладениот кадаиф. Попрскајте го кадаифот со сецкани ореви и оставете го да се излади.

Послужете го кадаифот исечен на коцки.


Оставете коментар

___