Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Начос со пилешко

Ако сакате да се забавувате додека го подготвувате ручекот, пробајте го нашиот предлог.

Состојки:

  • 1 пакување на тортилја чипс
  • 250 гр пилешки гради
  • 250 гр павлака
  • конзерва (200 гр) црвен грав
  • конзерва (200 гр) пченка
  • 100 гр кисели краставички
  • 100 гр еманталер
  • 2 лимони
  • пиперка
  • сол, шафран

Подготовка:

Испржете го пилешко и исечете ги на коцки. Посипете со сок од лимон и оставете да се излади. Исцедете го сокот од конзервите и измешајте со сецкани краставици и пиперки. Соберете ги сите состојки, додадете сол и посипете со малку шафран. Ставете го чипсот во соодветен сад и истурете ја смесата одозгора. Добар апетит!

Прочитај