Ако сакате да се забавувате додека го подготвувате ручекот, пробајте го нашиот предлог.
Состојки:
- 1 пакување на тортилја чипс
- 250 гр пилешки гради
- 250 гр павлака
- конзерва (200 гр) црвен грав
- конзерва (200 гр) пченка
- 100 гр кисели краставички
- 100 гр еманталер
- 2 лимони
- пиперка
- сол, шафран
Подготовка:
Испржете го пилешко и исечете ги на коцки. Посипете со сок од лимон и оставете да се излади. Исцедете го сокот од конзервите и измешајте со сецкани краставици и пиперки. Соберете ги сите состојки, додадете сол и посипете со малку шафран. Ставете го чипсот во соодветен сад и истурете ја смесата одозгора. Добар апетит!

You must be logged in to post a comment Login