Состојки:
- бисквити Petit Beurre
- Прв крем:
- 1 литар млеко
- 100 гр скробно брашно
- 100 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 125 гр путер
- Втор крем:
- 500 мл слатка павлака за шлаг
- 200 гр чоколада
- малку рум
Подготовка:
На дното од помал плех за печење ставете бисквити, полејте ги со малку млеко измешано со рум.
За првиот крем ставете да се загрее млекото, додадете малку рум, во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку ладно млеко за да добиете глатка смеса, кога млекото ќе зоврие варете ја таа смеса и на слаб оган мешајте околу 2 минути, додадете го и путерот, измешајте и кремот исипете го врз бисквитите.
За вториот крем на слаб оган загрејте ја павлаката во која сте додале исецкана чоколада и кога чоколадата ќе се стопи додајте го овој крем врз првиот. Оставете да се олади и тоа е се.

You must be logged in to post a comment Login