Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Модар патлиџан со пармезан

Време на подготовка: 2 саати / ќе послужите: 6

  • 2 конзерви (800 грама секоја) цели и лупени патлиџани
  • 2 лажички маслиново масло
  • Сол и мелен црн бибер, по желба
  • 1 килограм модри патлиџани, исечени на тенки кружни парчиња
  • 250 грама брашно
  • 3 јајца, матени
  • 250 грама презла
  • Растително масли за печење
  • 150 грама пармезан
  • 150 грама свежа моцарела, исечена на кружни парчиња

Чекор 1

Во блендер исецкајте ги патлиџаните, префлете ги во средно голем огнотпорен сад. Додадете масло и ставете да зоврие, намалете температура и гответе оклу 30 минути.Посолоете ги патлиџаните со сол и бибер.

Чекор 2

Во меѓувреме, посолете ги парчињата со 1 1/2 лажичка сол на цедилка. Оставете да отстојат 30 минути. Потоа со хартија исуште ги и намачкајте ги од двете страни во брашнои јајцата на крај во презла .

Чекор 3

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад, ставете доволно растително масло, загрејте го на средна температура и потао ставете ги парчињата модар патлиџан да се пржат, додека не добијат златеста боја, 2 до 3 минути по страна. Префлете во чинија со хартија да се впие вишокот масло.

Чекор 4

Во длбок сад за печење, сипајте 250 грама од сосот од патлиџани. Поставете над тоа половина од парчињата модар патлиџан и 50 грама пармезан. Потопете пак со 250 грама сос од патлиџан, потоа поставете ги останатите парчиња од модар патлиџан. Прелијте со преостанатиот сос, пармезан и поставете ги парчињата моцарела на врвот. Печете додека не фати лесна кора и почне да пушта меурчиња, 40 до 45 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement