Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Моцарела стапчиња

Состојки:

220 гр. лебни трошки

¼ лажичка сол

¼ лажичка бибер

1 лажичка сув магдонос

250 гр. моцарела сирење

1 јајце

100 гр. брашно

масло за пржење

Прелив

150 гр. мајонез

25 гр. кечап

¼ лажичка босилек

¼ лажичка оригано

2 лажици бело вино

½ лажичка сенф

Постапка

Во еден сад измешајте ги лебните трошки со сол, бибер и сув магдонос. Во друг сад изматете го јајцето. Моцарела сирењето исечете го на околу 16 стапчиња. Панирајте ги стапчињата во брашно, јајце и на крај во лебни трошки. Потребно е стапчињата да се целосно обложени со смесата за панирање. Наредете ги панираните стапчиња во еден сад и ставете ги во замрзнувач најмалку половина час.

Загрејте масло во тава на среден оган. Ако имате фритеза можете да ја употребите за пржењето. Извадете ги Моцарела стапчињата од замрзнувач и веднаш пржете ги. Кога ќе добијат златно жолта боја, по околу 2-3 минути вадете ги внимателно на чинија обложена со хартиена салфета. Послужете ги топли со прелив по желба.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement