Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Мини чизкејк со путер од кикирики (посно, без масло)

Во моментов се хит овие мини калапчиња, па се почесто ќе гледате вакви мини тортички. Можете да ги ставите и во правоаголен калап па да сечете коцки. Калапчето треба  да биде со дијаметар од 10 мм.

Од оваа количина излегуваат две мини коцкички.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 свежи урми

8 лажици мелени потпечени кикирики

малку сол

1 лажчка екстракт од ванила

За кремот потрбни се: 

100 гр. сурови индиски ореви

1 лажица сок од лимон

4-5 лажици јаворов сируп

1 лажичка екстракт од ванила

4-5 лажици вода

200 гр. путер од кикирики ( без масло)

малку сол;

Чоколаден прелив:

2 лажици какао

1 лажица шеќер

2-3 лажици вода

1 лажичка густин

Начин на подготовка:

  1. Состојките за основата со рака измесете ги да добиете малку леплива смеса.Поделете на два дела и ставете во калапчињата, притиснете и израмнете.
  2. Ванила кремот  од индиски ореви е основа за повеќето сирови десерти. Индиските ореви треба да стојат во вода 5-6 часа претходно, најдобро цела ноќ. Потоа ставете ги во блендер заедно со јаворовиот сируп, сокот од лимон и ванилата и изблендирајте да добиете кремаста смеса.  Постепено додавате 4-5 лажици вода. Потоа во сад на страна се соединуваат путерот од кикирики и солта.

          Распоредете во калапчиња и израмнете од горе.

       3. Чоколадниот прелив моѓе да се направи и без густин. Во сад на ога ставете го какаото, шеќерот и две лажици вода. Мешајте на тивок оган додека не се стопи и смесата не стане хомогена. Во сад на страна со 1 лажица вода растворете го густинот и додадете го кај млекото. Промешајте малку да згусне па тргнете ја смесата од оган за да се олади. Прелијте ги калапчињата и оставете ги во фрижидер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement